Западно-нилска треска

Симптоми по убод од западно-нилски комарец

31.08.2024 19:43

Според информации од Институтот за јавно здравје, најголем процент од клиничките случаи се манифестираат како благи форми, со симптоми слични на грип – температура, главоболки, мускулно-зглобни болки...

Кои се симптомите по убод од западно-нилски комарец. Според информации од Институтот за јавно здравје, најголем процент од клиничките случаи се манифестираат како благи форми, со симптоми слични на грип – температура, главоболки, мускулно-зглобни болки. Дополнително се појавуваат слабост, малаксаност, зголемени лимфни жлезди, гадење, повраќање и можен исип по телото.

Според СЗО, комарците се најсмртоносните животни во светот. Од нив има околу 700 илјади смртни случаи, иако најголемиот процент е од тропскиот предел и од суптропскиот. Но тоа не е за занемарување бидејќи имаме глобално патување, миграција на населението и затоа постои опасност во заразување, во пренесување на болестите и така натаму.

Но како ваков тип на комарец наеднаш е карактеристичен и за нашите предели? Условите се менуваат. Југот доаѓа на север. Според анализи на климатските промени, движењето еколошките зони е дека тие за околу 100 километри за 10 години се поместуваат на север. Покачувањето на температурите влијае и на промени во животниот циклус на микроорганизмите и во условите за нивниот развој, така што не е ништо невообичаено некои нови микроорганизми од јужните страни да дојдат кон нас. Тие можат да влијаат и врз безбедноста на храната и врз здравјето на растенијата.

Само за потсетување, пустината Сахара е на помалку од 1.000 километри од Македонија, а тоа не дава многу оптимистички прогнози за иднина.

Затоа е итно е потребен надзор на комарците, но засега државата не може да се пофали со тоа. Минатата година за прв пат, е направена измена во националната програма за заштита на населението од заразни заболувања, но не се одвоени повеќе финансиски средства. Загрижува и фактот дека стручниот тим не е задоволителен и Македонија нема доволно луѓе кои што би го работеле тоа на цела територија.