Денис Димоски освои трета награда на фестивалот „Студентско Лето“ во Босна и Херцеговина
Тој се претстави со традиционалната македонска песна „Јано Мори“ која имаше феноменален прием кај локалната публика. Денис Димоски е инаку вокален солист во Националната опера и балет.
На 52-то издание на Фестивалот на вечерта на народна музика „Студентско Лето“ во Маглај, Босна и Херцеговина пејачот Денис Димоски од Македонија освои трета награда од новинарското жири.
Тој се претстави со традиционалната македонска песна „Јано Мори“ која имаше феноменален прием кај локалната публика. Денис Димоски е инаку вокален солист во Националната опера и балет.
Помеѓу македонските изведувачи настапи и Марио Петрушевски од Скопје кој се претстави со песната „Романија“ на Халид Бешлиќ. Иако не дојде до награда, домашната публика и жирито позитивно реагираа на неговата интерпретација.
На вечерта на народна музика главната награда ѝ припадна на Мина Мујкиќ од Белград која ја испеа безвременската ромска песна „Џелем џелем“, а награди освоија и Онур Пашага и Сабри Хоџаоглу од Турција, како и Карина Зајец од Украина.