Украина

Украинците нападнаа 15 региони на Русија

01.09.2024 09:47

Украина изврши масовен напад со дронови во 15 региони на Русија...

Украина изврши масовен напад со дронови во 15 региони на Русија. Еден е соборен над нафтена рафинерија во близина на Москва по што избил пожар. Експлозии одекнуваат и крај електраната во Конаково. Руската одбрана тврди-успешно соборила 158 беспилотни летала над Курск, Брјанск, Воронеж и Москва. На украинскиот фронт, борбите продолжени. Најтешка ситуацијата во Покровск. Населението го напушта градот. Зеленски повторно бара зелено светло од САД и европските сојузници да дадат дозвола за подлабоки напади на руска територија.

„Покровск се соочува со најголем број напади. Дневно на целиот фронт се водат речиси двесте битки. Сега е најважно е да се нанесат максимални загуби на окупаторот и да се одговори на сите руски удари. Чистењето на украинското небо од руските наведувачки воздушни бомби е жесток чекор за Русија да се принуди да го прифати крајот на војната и праведен мир. Потребна ни е дозвола за далекуцелните способности и за вашите гранати и проектили со долг дострел“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.