Телата на шестмина заложници пронајдени во тунел и извлечени од Газа
Израелската војска пронајде уште шест тела на заложници во тунел во Рафах за време на борбите во Газа...

Израелската војска пронајде уште шест тела на заложници во тунел во Рафах за време на борбите во Газа. Биле брутално убиени од Хамас непосредно пред да стигнат до нив. Тројца биле на списокот за ослободување во првата фаза од предложениот договор-пишуваат медиумите. Земјата ќе трепери – се заканија семејствата на киднапираните и најавија масовни протести за денеска, откако синоќа гневната толпа се судри со полицијата во Тел Авив. Во истовреме рациите на Западниот Брег продолжија. Во напад на контролен пункт убиени двајца израелци. Во Газа почна масовната вакцинација на децата против детска парализа.
„Ги информиравме семејствата дека телата на нивните најблиски биле лоцирани од израелските сили. Нивните тела беа пронајдени за време на борбите во Рафах во подземен тунел на околу еден километар од тунелот од кој пред неколку дена го спасивме Фархан Кади. Биле брутално убиени од Хамас непосредно пред да стигнеме до нив“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската војска.
