Македонија

Утре почнува новата учебна година

01.09.2024 10:03

Обезбедувањето учебници, двосменското работење, повисоките плати, подобрувањето на наставните програми, на листата проблеми со кои ќе се справуваат институциите, наставниците и родителите...

Утре стартува новата учебна година. Обезбедувањето учебници, двосменското работење, повисоките плати, подобрувањето на наставните програми, на листата проблеми со кои ќе се справуваат институциите, наставниците и родителите.

Промени во наставата речиси и да нема во споредба со лани. Единствено ќе го нема пролетниот распуст кој беше воведен минатата учебна година, откако во анкета на Министерството за образование мнозинството родители, ученици и наставници рекоа дека не им е потребен.

За првпат во училишните клупи ќе седнат и првачиња. Опаѓањето на бројот на ученици поради намалениот наталитет и иселувањето е проблем со кој и училиштата и државата се соочуваат со години.