Скопје
Експресно изгаснат пожарот во планинарскиот дом на Водно
01.09.2024 10:09
Пожарот во планинарскиот дом на Водно е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија...

Пожарот во планинарскиот дом на Водно е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.
Интервенирано е со неколку пожарникари и возила. Во гаснењето на пожарот помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“.
