Скопје

Скопје утре со редуциран автобуски превоз, за Град Скопје политички мотивирана одлука

01.09.2024 10:14

Дел од приватните превозници на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус еднаш во денот, наутро или навечер, што значи дека на скопските улици ќе има 100-на автобуси помалку...

Утре Скопје со редуциран автобуски превоз. Дел од приватните превозници на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус еднаш во денот, наутро или навечер, што значи дека на скопските улици ќе има 100-на автобуси помалку.

Приватните превозници се решиле на ваквиот чекор поради како што велат, долгот на град Скопје кон нив, во висина од 2 милиони евра, како и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот.

Од Град Скопје тврдат дека автобуси во понеделник ќе има. Обвинуваат дека одлуката била политички мотивирана.

„Лага е дека нема да возат приватните превозници. Од трите пакети со кои оперираат, нема да возат само оние чии претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот Скопје отпочна постапка за надомест за штета. Со ова повторно се докажува намерата на оваа власт за предизвикување хаос врз грбот на граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.