Романија

Силно невреме ја зафати Романија

01.09.2024 10:18

Поплавени улици, а поројот носеше и возила. Силното невреме ја зафати областа во близина на Црното Море...

Невреме во Романија. Поплавени улици, а поројот носеше и возила. Силното невреме ја зафати областа во близина на Црното Море, а за само неколку часа наврна дожд колку што паѓа за осум месеци.

Улиците во Констанца, Мангалија и многу други места се поплавени. Уништени се плажите, морето однесе чадори и лежалки.