Македонија

Неделков: Наставниците нема да штрајкуваат иако нема ветување за повисоки плати

01.09.2024 10:51

Наставниците нема да штрајкуваат иако нема ветување за повисоки плати. Се преговара, но не е исклучена и оваа можност...

Наставниците нема да штрајкуваат иако нема ветување за повисоки плати. Се преговара, но не е исклучена и оваа можност. СОНК и остава можност на министерката за образование да излезе со предлог до средина на септември. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во неделното интервју за Радио Слободна Европа тврди дека до сега не добиле никаков одговор, освен дека нема пари во буџетот.

„Сме и ќе бидеме конструктивни како социјални партнери со Министерството за образование и со Владата и очекуваме на средината на септември да ги заокружиме преговорите или договорите во однос на зголемување на платите“, потенцира Неделков.