Јужно Кинеско Море
Кина и Филипините меѓусебно се обвинуваат за провокации во Јужното Кинеско Море
01.09.2024 11:12
Последниот инцидент дополнително ги разгоре тензиите околу територијалните спорови во Јужното Кинеско Море...

Кина и Филипините со меѓусебни обвинија за најновиот судир на бродови во спорното Јужно Кинеско Море. Пекинг тврди дека филипинскиот брод кој незаконски бил оставен кај гребенот Сабина Шоал, го подигнал сидрото и намерно се забил во кинескиот брод, додека властите на Манила, пак, велат дека токму кинескиот брод е тој што со намера се судрил со еден од нивните бродови.
Последниот инцидент дополнително ги разгоре тензиите околу територијалните спорови во Јужното Кинеско Море за кое Пекинг тврди дека му припаѓа само нему. САД ги осуди опасните и ескалирачки акции на Кина.
