Над 17 илјади плати не се исплатени од јануари
Додека наставниците се борат за повисоки плати, околу 17 илјади работници немаат земено плата девет месеци, односно од почеток на годината. Само во јули бројот на лица повеќе од седум илјади лица не им биле префрлени пари на нивните сметки. Како се справува Управата за јавни приходи со овие фирми?

И додека едни се борат за повисоки плати над 7.000 работници за јули воопшто не добиле плата. Според податоците на УЈП, над 17.000 месечни пресметки не се платени уште од почетокот на годината. Решенија за присилна наплата им се доставени на 8.432 работодавачи. За оние кои немаат исплатено плата само за месец јули важи опомената, а по истекот на рокот ќе се пристапи кон блокирање.
Во земјава се вработени 687.351 според Државниот завод за статистика, а 510.899 земале плата за јуни. Разликата од 176.000 работници од ССМ ја објаснуваат на три начини:
Никој не би работел без плата, освен ако нема дополнителни извори на егзистенција – велат од Конфедерацијата на работодавачи и претпоставуваат дека постои договор помеѓу работниците и работодавачите.
На средба со советникот на премиерот за труд од Конфедерацијата му предложиле измени во Кривичниот закон со кои ќе се санкционираат нерегистрираната дејност и непријавеното работење со цел да се намали сивата економија.
Александра Велинова
