Не стивнува побарувачката за пиперката-ајварка
Познатиот регион – Кривогаштани одржа фестивал и ја понуди познатата пиперка за ајвар – „црвената капија“. Засега производителите се задоволни од цените, допрва ќе се интензивира откупот за домашниот и странскиот пазар. Исплатливо е, ама недостасува млада работна рака...

Родот намален, ама квалитетен. Побарувачката не стивнува за пиперката-ајварка, познатата „црвена капија“ од прилепско Кривогаштани. Производителите засега се задоволни од цената од 50 до 60 денари за килограм.
Допрва се очекува да се интензивира откупот на црвената пиперка. Производството е исплатливо, ама недостасува работна рака.
Сепак, има и млади кои сакаат да ја продолжат семејната традиција.
Фестивалот на пиперката во Кривогаштани се одржува по вторпат. Жителите сакаат да стане традиција и да ги поттикнат локалното земјоделско производство и економијата.
Елизабета Митреска
