Приведени од протестите во Тетово
Кривични пријави заработија 10 учесници во протестот, организиран во неделата во Тетово, кога беа повредени 6 полициски службеници и тројца граѓани.

Двајца од пријавените се тетовци. Се сомничат за кривични дела , “напад на службено лице при вршење работи на безбедност“ и “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“. За ова дело се товарат и останатите осум идентификувани.
Двајцата тетовци физички нападнале двајца полициски службеници, при што на едниот од нив му нанеле и телесни повреда, а останатите не ги почитувале наредбите на полициските службеници, фрлале камења, влечеле заштитни огради и ги туркале полициските службеници. Сите биле повикани во тетовската полиција, а само двајцата кои ги нападнале полицајците се задржани и изведени пред судија во претходната постапка на Основниот суд Тетово. Од МВР информираат дека и понатаму продолжуваат со идентификување и на други учесници во протестот кои насилно се оденесувале.
