Регион

Вучиќ не верува дека земјите-кандидати од регионот ќе станат членки на ЕУ пред 2030 година

01.09.2024 16:31

Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на панелот „Пристапување на Западен Балкан во ЕУ“ организиран како дел од Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага...

Српскиот претседател Александар Вучиќ на панелот „Пристапување на Западен Балкан во ЕУ“ организиран како дел од Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“ во Прага, изјави дека не верува оти земјите-кандидати од регионот ќе станат членки на ЕУ пред 2030 година, додавајќи дека до таа година Украина ќе биде првата следна земја што ќе влезе во Унијата.

„Не верувам дека ќе бидеме дел од Европската унија во 2028 година, бидејќи има многу прашања. Пред сè, овде имаме интерес на Европската Унија, кои одвреме-навреме се разликуваат од нашите интереси. И верувам дека ако некои од нас станат членки на ЕУ, тоа не може да се случи пред 2030 година. Но, тоа е само моја проценка. Она што е очигледно е дека Украина и Молдавија добиваат импулс, што е многу разбирливо“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.