Политика

Различни партиски ставови за интерпелацијата на Гаши

01.09.2024 16:38

Политичките партии се мобилизираат околу интерпелацијата за собранискиот спикер Гаши, која е закажана за првата пленарна седница во вторник...

Политичките партии се мобилизираат околу интерпелацијата за собранискиот спикер Гаши, која е закажана за првата пленарна седница во вторник. Коалицијата Вреди вели дека интерпелацијата против претседателот на собранието Африм Гаши е директен напад врз државните институции и евроатлантската интеграција на земјата.

Како што соопштија оттаму, по работниот состанок на координативното политичко тело на коалицијата, предлогот за разрешување на собранискиот спикер е бесмислен политички експеримент и обид за дестабилизација.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјаснија дека нема да ја поддржат. СДСМ утре ќе има координација со пратеничката група на која ќе донесе став како ќе гласаат во вторник.

Левица ги повика политичките партии да ја поддржат интерпелацијата на Гаши.