МВР

Две жени вчера ограбени во Аеродром

01.09.2024 17:06

Две жени вчера биле ограбени на подрачјето на скопската општина Аеродром...

Две жени вчера биле ограбени на подрачјето на скопската општина Аеродром.

Прво, околу 17 часот и 20 минути, 61-годишната Е.П. од Скопје пријавила дека еден час претходно на автобуска постојка во Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.

Вечерта, пак, 20-годишна девојка пријавила дека околу 19 часот и 30 минути во близина на трговски центар во Аеродром, едно лице физичка ја нападнало и ѝ одзело чанта со пари, лични документи и лични предмети.

Претходно, 55-годишниот Б.М. од прилепското село Клепач пријавил дека претходниот ден околу 22 часот на подрачјето на скопски Центар бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело и личен накит.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.