Студентско лето

Васил Ангелов и Ангел Јунтев со второ место на Фестивалот во Маглај

01.09.2024 17:55

Македонските претставници Васил Ангелов и Ангел Јунтев освоија второ место од стручното, односно новинарското жири на вечерта на забавна музика на меѓународниот младински музички фестивал во Маглај...

Македонските претставници Васил Ангелов и Ангел Јунтев освоија второ место од стручното, односно новинарското жири на вечерта на забавна музика на меѓународниот младински музички фестивал во Маглај, Босна и Херцеговина.

Васил Ангелов пред публиката во Маглај настапи со Полско Цвеќе од легендарниот Тоше Проески, додека Ангел Јунтев ја испеа Лоше Вино чиј автор е Горан Бреговиќ.

Првите места според стручното и новинарското жири им припаднаа на пејачи од Босна и Херцеговина – Хана Талиќ од Какањ односно Марко Нинковиќ од Требиње.