Легализацијата на дивоградбите го зголеми бројот на хипотеки

10.07.2014 13:17

Се повеќе сопственици на станови недвижниот имот го ставаат како гаранција за кредит кај банките. Бројот е особено зголемен лани со процесот на легализација на диво изградените објекти, со тоа се повеќе граѓани добија документи за сопственост што е основен услов за ставање под хипотека на објектот. Станува збор за вкупно 72.911 стана чија вредност се проценува на околу 1,8 милијарди евра.

Според Агенцијата за катастар растот на хопотеките надминува 30%, односно секој дванаеесетти стан е ставен како гаранција кај домашните банки. Скоро половина од становите под хипотека се лоцирани во Скопје, а потоа следуваат Битола и Куманово, што е идентично со динамиката на градење станови. Најмалку хипотеки има во Македонски Брод и Демир Хисар.

Станбените кредити најчесто се обезбедуваат со недвижен имот и само лани вредноста на ваквите кредити пораснала за скоро 13% .

Свето Николовски