МВР
Скопјани се степале во чекалната на Градската болница
01.09.2024 18:16
Нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје...

Полицијата извести дека вчера во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
