Хрватска

Хрватска ќе набавува ракетни фрлачи ХИМАРС од САД

01.09.2024 19:01

Хрватска испрати формално барање до Пентагон за набавка на осум повеќецевни ракетни фрлачи М142 ХИМАРС...

Хрватска испрати формално барање до Пентагон за набавка на осум повеќецевни ракетни фрлачи М142 ХИМАРС, системи кои и станаа познати на пошироката јавност преку вестите за војната во Украина.

Вредноста на договорот, кој вклучува и пропратна опрема изнесува 390 милиони долари, пренесува агенцијата Бета.

Овој систем, што Американците и го донираа и на украинската армија, се покажа како многу ефикасен и прецизен во операциите на украинските сили. Една единица од овој систем има модул со шест ракети со калибар 227 мм.