Македонија
Почна новата учебна година со 245 илјади основци и средношколци
02.09.2024 08:41
245 илјади основци и средношколци почнуваат со настава. Речиси 18 илјади првачиња ќе седнат во училишните клупи...

245 илјади основци и средношколци почнуваат со настава. Речиси 18 илјади првачиња ќе седнат во училишните клупи. Новата учебна година стартува со физичко присуство за сите, освен за ученици од неколку училишта каде што од претходно не биле обезбедени просторни услови.
Едносменска настава се воведува во 140 училишта. Загрижуваат бројките дека и годинава бројот на првачиња е намален за 3.500. Меѓу главните фактори се иселувањето и намалениот наталитет.
