Редуциран градски превоз во Скопје
Дел од приватните превозници само со по еден автобус на една линија наутро. Бараат да им се исплати долгот од градските власти и зголемување на цената. Решение ќе се бара на средбата со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје...

Во Скопје редуциран градски превоз. Дел од приватните превозници само со по еден автобус на една линија наутро. Бараат да им се исплати долгот од градските власти и зголемување на цената. Решение ќе се бара на средбата со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје.
Други приватници велат дека нивните автобуси ќе сообраќаат со нормален возен ред.
Од град Скопје обвинуваат дека од трите пакети со кои оперираат приватните превозници нема да возат само оние автобуси чиишто претставници се политички мотивирани од ВМРО-ДПМНЕ да креираат дополнителен хаос за скопјани, а за кои градот почна постапка за надомест за штета.
