Израел

Масовни протести во Израел по сознанието за шестемина мртви заложници под Појасот Газа

02.09.2024 09:06

Генерален штрајк во Израел поради неуспехот на владата на Нетанјаху да обезбеди ослободување на заложниците кои се држат во Газа. Масовни протести по сознанието за шестемина мртви заложници ...

Од изутринава генерален штрајк во Израел поради неуспехот на владата на Нетанјаху да обезбеди ослободување на заложниците кои се држат во Газа. Масовни протести по сознанието за шестемина мртви заложници се одржаа и синоќа во Тел Авив и Ерусалим. Гневот на демонстрантите заврши со судири на полицијата и апсења. САД тврдат дека работат на последната понуда за договор за примирје – земи или остави. Велат дека егзекуцијата на заложниците фрла сомнеж во сериозноста на Хамас.

„Ова е пример со што се занимаваме и верувам дека целиот став кон Хамас мора да се промени од страна на светските заедници и од соговорниците, од страна на арапските нации, од посредниците. Сите тие треба да сфатат дека Хамас не е партнер на ништо. Тие едноставно бескрајно одбиваат да продолжат понатаму кон постигнување договор за заложници“, изјави Исак Херцог -претседател на Израел.

Во истовреме Хезболах истрела 20 ракети од Либан кон северен Израел. Продолжија и израелските рации на Западниот Брег.