Ракомет

Македонија е екстремно опасна

11.12.2013 12:52

На еден месец до почетокот на европското ракометно првенство во Данска, репрезентацијата на Чешка е подготвена да биде пријатно изненадување на собирот на најдобрите европски репрезентации. Во интервју за интернет страната на европската ракометна федерација , легендата на чешкиот ракомет Михал Барда вели дека на прв поглед групата А во која се репрезентациите на домаќинот Данска , МАкедонија, Австрија и Чешка е наизглед лесна, но истовремено е и многу непредвидлива.

На еден месец до почетокот на европското ракометно првенство во Данска, репрезентацијата на Чешка е подготвена да биде пријатно изненадување на собирот на најдобрите европски репрезентации. Во интервју за интернет страната на европската ракометна федерација , легендата на чешкиот ракомет Михал Барда вели дека на прв поглед групата А во која се репрезентациите на домаќинот Данска , МАкедонија, Австрија и Чешка е наизглед лесна, но истовремено е и многу непредвидлива. Според Барда, Австрија е селекцијата што може да блесне на турнирот , но само ако во Данска дојдат добро подготвени, додека за Македонија , чешкиот ас вели дека е крајно опасна репрезентација предводена од Кирил Лазаров кој околу себе има одлични соиграчи , гладни за успех.

И покрај тоа што чешката селекција се соочува со проблеми ,особено за позицијата кружен напаѓач каде што остана без „пензионираните“ Давид Јуричек и Вацлав Врањи, Барда очекува младите да ја искористат шансата што им се укажува и предводени од еден од најдобрите играчи во светот Филип Јиха да стигнат до историски успех.

За селекцијата на Чешка настапот во Данска ќе биде 7-ми на европските првенства, најдобропласирани беа во Шпанија во 1996-тата, двапати беа осми,а пред две години во Србија натпреварите ги завршија во првата фаза со една победа, над Германија со 27-24, загубија од Шведска со 29-33 и од Македонија со 21-27.

Зоран Видевски