Пожарот на Детската клиника го предизвикала мајка со цигара!

10.07.2014 13:23

Мајка со запалена цигара го предизвикала синоќа пожарот на Детската клиника.

Пожарот  кој предизвика паника меѓу персоналот и родителите чии деца се хоспитализирани, всушност бил предизвикан од несоодветно изгасната цигара, покажала истрагата.

Мајка, чие бебе било хоспитализирано како итен случај на болницата, пред да го дои своето дете запалила цигара во оставата иако пушењето во овој објект не е дозволено. На излегување, цигарата добро не ја изгаснала, по што избувнал пожарот, кој предизвикал помала материјална штета.

Според истражните органи, станува збор за малолетна девојка од Шуто Оризари, со која тие веќе разговарале.

Свето Николовски