Киев нападнат со крстаречки и балистички ракети
Русија го нападна Киев со крстаречки и балистички проектили – соборени се 20, оштетен е влезот на метростаницата која служи како засолниште. Во околината на Киев оштетени згради и образовна институција...

На стартот на учебната година огласени сирени за тревога во Украина. Русија го нападна Киев со крстаречки и балистички проектили – соборени се 20, оштетен е влезот на метростаницата која служи како засолниште. Во околината на Киев оштетени згради и образовна институција.
„Почна тревогата за воздушен напад, отидовме во засолништето во студентскиот дом, потоа се слушнаа експлозии многу блиску, рекоа дека е во близина на објектот. Кога излеговме видовме пожар“, изјави Алина – ученичка во оштетената образовна институција.
Борбите во Доњецк продолжуваат. Русија тврди дека презеле контрола врз две населени места. Украинскиот претседател вели дека е потребна поголема поддршка за фер одговор на Русија и целосна заштита на градовите од руска агресија.
