Германија

Регионални парламентарни избори во Германија

02.09.2024 09:15

Десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) првпат победува на регионалните парламентарни избори во источната покраина Тирингија, додека во соседна Саксонија партијата се бори со Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за првото место...

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) првпат победува на регионалните парламентарни избори во источната покраина Тирингија, додека во соседна Саксонија партијата се бори со Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за првото место – покажуваат првичните резултати.

„Убедливо сме најсилната сила, новата народна партија во Тирингија, историска победа за нас. Тоа што ме прави горд е што ние сме првата државна асоцијација што ја постигна оваа прекрасна парламентарна победа за АФД“, изјави Бјорн Хоке – претседател на АФД за Тирингија.

Според јавните радиодифузери, Христијанско-демократската унија ќе освои речиси една третина од гласовите во Саксонија.

„Ова се критични и веројатно најважните избори во последните 34 години, но гледам голема подготвеност да и служам на оваа земја и многу сум им благодарен на многу луѓе кои рекоа: претходните години гласав поинаку, но овој пат тоа мора да биде големата центристичка сила, мора да биде саксонската ЦДУ“, изјави Мајкл Кречмер – покраински гувернер на Саксонија.

Социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц забележаа нов изборен пад и останува неизвесно дали задно со коалициските партнери ќе успеат да го достигнат изборниот праг и да влезат во парламентите во овие два региона.