Собрание
Во вторник прва пленарна седница по одморите, на дневен ред интерпелацијата на Гаши
02.09.2024 09:18
Пратениците се враќаат во собраниските клупи. Во вторник прва пленарна седница по летните одмори. На дневен ред интерпелацијата за спикерот Гаши, поднесена од „Левица“...

Пратениците се враќаат во собраниските клупи. Во вторник прва пленарна седница по летните одмори. На дневен ред интерпелацијата за спикерот Гаши, поднесена од „Левица“. Лидерот на СДСМ, Филипче, на координација со пратеничката група. Ќе се гради ставот, ќе се гласа, но како што вели, без притисок кон пратениците.
Според „Вреди“, интерпелацијата за претседателот на Собранието е директен напад врз државните институции и евроинтеграциите. Од ВМРО-ДПМНЕ веќе се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата за Гаши
