Косово

Косовската полиција пред српските институции на северот на Косово, не дозволува влез на вработените

02.09.2024 10:55

Србите на северот од Косово се собраа пред зградите на институциите во кои се вработени, а кои и натаму се блокирани од косовската полиција.

Србите на северот од Косово се собраа пред зградите на институциите во кои се вработени, а кои и натаму се блокирани од косовската полиција. Велат дека не се работи за протести туку дека се дојдени на своите работни места, но полицијата сè уште не им дозволува да влезат во објектите.

Ситуацијата е тензична, но засега не се регистрирани инциденти.