Филипини

Две лица загинаа во невремето што го погоди северот на Филипините

02.09.2024 10:58

Обилниот дожд ги поплави улиците, го прекина сообраќајот, наставата и работата во главниот град Манила, а се огласи и аларм за евакуација на населението во критичните области каде што водостојот на реките се заканува да прелее...

Две лица загинаа во невремето што ги зафати северните региони на Филипините. Обилниот дожд ги поплави улиците, го прекина сообраќајот, наставата и работата во главниот град Манила, а се огласи и аларм за евакуација на населението во критичните области каде што водостојот на реките се заканува да прелее.

Поради силниот ветер со јачина од 115 километри на час во прекин привремено беа и авио и морскиот сообраќај. Околу 20 тајфуни и бури ги погодуваат Филипините секоја година.