Муцунски денес и утре на Бледскиот Стратешки Форум во Словенија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре ќе престојува во Република Словенија каде ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум на тема што ќе се одржи во Блед и ќе оствари повеќе билатерални средби...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре ќе престојува во Република Словенија каде ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум на тема што ќе се одржи во Блед и ќе оствари повеќе билатерални средби. Во рамки на форумот министерот Муцунски ќе обрати на панелот „Европа целосна и слободна: Возобновена заложба за европската безбедност“.
Овогодишниот Бледски Стратешки Форум форум е насловен: „A world of parallel realities – Свет на паралелни реалности“ и фокусот ќе биде ставен на повик да се работи заедно за општото добро: со слушање и надминување на сопствените ставови.
