Тројца украински војници загинаа во судирите со сепаратистите

10.07.2014 13:33

Тројца украински војници загинаа, а 27-мина се повредени во најновите судири на истокот на земјата. Во антитерористичката операција кај Луганск беше застрелан еден, а други двајца војници загинаа кога со блиндирано возило налетале на експлозив близу до Доњецк.

За време на тримесечниот конфликт загинаа над 200 украински војници и стотици сепаратисти и цивили. Киев планира да ја заврши воената операција во наредниот месец.