Професорка по македонски јазик предава во Малта
Белата чума не го одминува и наставниот кадар. Розита Закева по 15 години работа како професор по македонски јазик, се отселила во Малта. Една од причините, како што вели, била мобинг на работното место. Таа сега држи часови по мајчин јазик на децата на нашинците во градот Сен Пол.

По 15-годишна работа како професорка по македонски јазик во основно и средно училиште, Розита Закева, поради мобинг на работното место, како една од причините, му се приклучила на нејзинот семјство во Малта. Нејзиното искуство веќе пет години го споделува со деца од Македонија кои живеат во градот Сен Пол, каде што има најмногу Македонци.
Образовниот процес на Малта почнува од тригодишна возраст. Училницата по македонски јазик ја посетуваат ученици од три до 15-годишна возраст, поделени во три групи зависно од возраста, објаснува нашата соговорничка.
Да се биде просветен работник е најблагородната работа според Закева бидејќи, како што вели, од децата се учи, се расте со нив. Привилегија е да се учествува во градењето на нивната личност. Но, ниту просветните работници не ги заобиколи „белата чума“ која коси последниве години во Македонија и не познава верска, етничка, старосна, професионална припадност.
Александра Велинова
