Хјустон: Татко си ги застрела четирите деца и уште други две лица

10.07.2014 13:43

Крвава драма во предградие на Хјустон. Човек си ги застрела четирите деца, од кои двете посвоени. Едната негова ќерка, која го преживеала истрелот во глава и го идентификуваше, е во критична состојба. По куса бркотница низ улиците, полицијата го притеснила осомничениот. По два часа преговори, додека си држел пиштол вперен во главата, го убедила да се предаде.

„Излезе од автомобилот сам, без отпор“, рече еден од полицајците кој беше присутен во моментот на предавањето.

Мотивот бил домашна расправија. Кога влегле во куќата, полицајците ги нашле телата на двајца возрасни и три деца. Четвртото починало во болница.