И прилепските средношколци ја почнаа учебната година, најатрактивни стручните занимања
И прилепските средношколци ја почнаа учебната, најголемиот дел во стручните занимања. Од петте средни училишта најатрактивни насоки им нуди електромашинското и сообраќајно училиште. Главната причина се бара во големите можности за пазарот на трудот …

За прилепските средношколци, речиси двојно поатрактивни се стручните од гимназиската струка. Електромашинското училиште „Ристе Ристески – Ричко“ е и пионер во дуалното образование.
Атрактивноста, велат, е во побарувачката на пазарот на трудот.
Со изборот на струките, учениците веќе размислуваат за професијата.
Училиштето има три паралелки со дуално образование и договор со 7 фирми за практична настава.
На второ место остануваат медицинските струки, гимназијата секоја година бележи намалување.
Елизабета Митреска
