Образование

Почна новата учебна година за 245 илјади основци и средношколци

02.09.2024 14:34

Новата учебна година почна. За првпат околу 17 илјади и 200 дечиња седнаа во училишните клупи. Едносменска настава се воведува во 140 училишта...

245.000 основци и средношколци ја почнаа новата учебна година. Првото ѕвонче ги повика првачињата во училишните клупи. Возбуда и исчекување на лицата на најмалите.

Малку смеа, малку солзи, насмевки, но и неизвесност од она што ги очекува понатаму. Треба градинката да ја заменат со училишните клупи. Ги пречекаа наставничките со топол збор и прегратка.

Летото го поминале читајќи лектири, првиот училиштен ден го чекале со нетрпение велат.

Оваа година бројот на ученици е намален за 17 илјади во последните 7 години. Бројот на првачиња е намален за 3.500 што се должи на намалениот наталитет и иселувањето. Министерката за образование и наука Јаневска ветува книги за сите ученици.

Градоначалникот на Општина Гази Баба со еднократна помош од 3.000 денари и бесплатни ученички униформи им го олесни стартот на првачињата во пресрет на новата учебна година.

Владата со план за лимитирање на цените на производите, за порелаксиран старт на учебната година и олеснување на трошоците на родителите.

Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. На првиот училиштен ден учениците ќе ги добијат учебниците. Според ресорното министерство, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени.

 

Александра Спировска