Петрова: Платите на вработените во УЈП кои незаконски им биле исплатени, ќе треба да се вратат
Директорката на Управата Петрова, вели дека претходното раководство на стартот на годинава им ги раскинало договорите за вработување и склучило нови кои биле незаконски по повеќе основи...

129 вработени во УЈП ќе треба да ги вратат платите кои незаконски им биле исплатени во ек на изборната кампања. Директорката на Управата Петрова, вели дека претходното раководство на стартот на годинава им ги раскинало договорите за вработување и склучило нови кои биле незаконски по повеќе основи, по што Антикорупциска и Трудовиот инспекторат се изјасниле дека треба да се поништат.
На име на разлика од зголемените плати, Буџетот на институцијата е оштетен во бруто износ од 18 милиони денари.
Вработените сега ќе потпишат нови договори, а платата ќе зависи од работното место.
Анита Димитријевска – Велковска
