Јапонија: Тајфунот Неогури се движи кон Кјушу

10.07.2014 14:00

Неогури, кој ја загуби силата на супертајфун, го погоди јапонскиот остров Кјушу, откако помина низ Окинава убивајќи најмалку три лица.

„Тајфунот Неогури треба да го погоди Кјушу денес, а утре да се упати кон истокот на Јапонија“, велат од мереоролошката служба.

Ветрот достигнува брзина од 126 километри на час и може да донесе силни дождови. Властите предупредуваат на поплави и свлечишта. Неогури во вторникот натера на евакуација половина милион луѓе. Оваа недела треба да го погоди и Токио.