Образование

Првооделенче од Украина, среќно што ќе почне да изучува букви и бројки

02.09.2024 14:52

Иако далеку од роднината сепак многу е среќен што ќе почне да изучува букви и бројки. Далеку од Украина, со неговата мајка овде се чувствуваат токму како на своја почва. Хана не ја крие радоста за можноста детето да и оди на училиште во мирнодопски услови.

На звукот на септемвриско ѕвонче првпат зачекоруваат кон училниците. Тука е и првооделенчето кому земјава му ги отворила вратите за да живее нормално и безбедно. Иако далеку од роднината сепак многу е среќен што ќе почне да изучува букви и бројки.

Далеку од Украина, со неговата мајка овде се чувствуваат токму како на своја почва. Хана не ја крие радоста за можноста детето да и оди на училиште во мирнодопски услови.

На Хана и нејзиното синче со посебна емпатија гледаат родителите кои ги сретнавме како ги носат своите дечиња на првиот час.

Имаат дозвола за привремен престој една година, потоа ќе водат постапка за да може тој да продолжи со образованието, вели Хана. УНХЦР им подарила ваучер за училиштен прибор, а државата им дава законска можност за образование. Сепак за бегалците, баратели на азил и оние со без државјанство како и странците што се со право на основно образование, сè уште има проблеми.

Невладиниот сектор детектира проблеми при преведување на дипломите на ретки странски јазици, за кои велат дека нема официјални преведувачи па предизвикува застој во постапките, а друг проблем е што често како бегалци немаат дипломи што е дополнително проблематично.

 

Фиљана Кока