градски превоз

Приватните превозници се договорија со ЈСП, ќе возат редовно на сите линии

02.09.2024 15:09

Падна договор меѓу приватните превозници и ЈСП, откако дел од приватните автобуси на првиот училиштен ден останаа во гаража.

Падна договор меѓу приватните превозници и ЈСП, откако дел од приватните автобуси на првиот училиштен ден останаа во гаража. Превозниците велат дека им биле префрлени 80 проценти од долгот или 40 милиони денари за првиот пакет.

Возачите во изјава за МТВ велат дека не се политички инволвирани, во ниту еден поглед и дека само си ги бараат своите пари. Јавно им се извинија на граѓаните за настанатиот хаос.

Во меѓувреме, граѓаните реагираа оти долго чекаат автобус на постојките.

Од Град Скопје рекоа дека јавниот градски превоз го опслужуваат сите автобуси на ЈСП, како и автобусите на приватните превозници оти, како што тврдат, немале никакви заостанати обврски.

Претходно, дел од приватните автобуси се заканија дека ќе возат само една смена, односно само еден автобус наутро.

 

Борис Грујоски