Трендафилов: Борбата за раст на платите не е политичка
Борбата за раст на платите не е политичка, изјави првиот човек на ССМ Трендафилов. Преку социјален дијалог да се решат сите проблеми, а растот на платите и на минималецот да биде највисоко во агендата на новата Влада. Поддршка добија и од Европската конфедерација на синдикатите...

Борбата за раст на платите не е политичка, а достоинството на работниците не треба да се политизира, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија. Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов повика проблемите да се решаваат преку социјален дијалог, а растот на платите да биде највисоко позициониран во рамки на владината агенда.
ССМ повика на склучување на колективни договори и анекси, со цел вработените во Македонија да добијат пресметка на плати, која ја добиваат функционерите, како и раст на платите помеѓу 12 и 15% наредната година. Од ССМ очекуваат и одлука за враќање на Работничкиот дом, а поддршка за ова прашање искажа и генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикатите, Естер Линч.
Тука сме рамо до рамо со нашите членки синдикати во борбата против 72 часовна работна недела и за недела како неработен ден.
Марија Котовска
