Македонија
Земјотрес од 3,4 степени ја стресе Македонија
02.09.2024 19:26
Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала го стресе јужниот дел на Македонија, во близина на Демир Капија...

Земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја стресе Македонија.
Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот е регистриран на 13 километри северо-источно од Демир Капија.
Земјотресот е со длабочина од 9 километри. Засега нема информации за материјална штета.
