Денеска на собраниска седница интерпелацијата на спикерот Гаши
Пратениците од опозициската СДСМ ќе гласаат за отповикување на Гаши, а народните избраници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата...

Денеска на собраниска седница е интерпелацијата на спикерот Африм Гаши. Пратениците од опозициската СДСМ ќе гласаат за отповикување на Гаши, а народните избраници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.
Иницијативата ја поднесе Левица и како што оттаму велат истата е заснована од седум причини меѓу кои – повреда на секуларноста на државата, скандалот на Меѓународниот аеродром во Скопје со косовската претседателка како и повреда на употребата на македонскиот јазик.
