Нетанјаху побара прошка од семејствата на киднапираните
Нетанјаху побара прошка од семејствата на киднапираните што не можеле да ги вратат живи. Ја нагласи важноста од контролата на коридорот Филаделфија за да се спречи Хамас да го искористи за шверц на оружје...

Додека пред резиденцијата на израелскиот премиер протестираа илјадници гневни демонстранти поради неуспехот на премиерот да обезбеди договор за ослободување на заложниците, Нетанјаху побара прошка од семејствата на киднапираните што не можеле да ги вратат живи. Ја нагласи важноста од контролата на коридорот Филаделфија за да се спречи Хамас да го искористи за шверц на оружје.
„Ако се повлечеме оттаму, немаме никакви контрола за шверц на оружје, машини за нивно производство и за копање тунели. И сето тоа со спонзорство на Иран, сите работи што ги гледате беа внесени оттука во Газа и станаа голема закана за Израел, бидејќи тука немаше бариера“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
САД сè уште се во преговори со лидерите во Катар и Египет, а не со Нетанјаху-изјави Бајден истакнувајќи дека израелскиот премиер не направил доволно за договорот за ослободување на заложниците.
„Сè уште сме во преговори. Не со него туку со моите колеги од Катар и од Египет“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Изјавата на Бајден е признание дека Нетанјаху го поткопува договорот-соопшти Хамас.
