Интервентна финансиска помош за сончоглед
Производителите на сончоглед кои го предале производството во преработувачки капацитети имаат право на субвенција од 5 денари за килограм. Парите се обезбедени од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2024 година …

Членови или носители на земјоделски стопанства кои лани имаат засадени површини со сончоглед и го продале во регистриран капацитет за откуп, имаат право на субвенции од 5 денари за килограм.
Производството треба да е продадено во период од 15-ти август до 30-ти ноември 2023 година, директно или преку еден купувач запишан во Регистарот на откупувачи.
Максималното количество кое е прифатливо за финансирање е 2.500 килограми по хектар.
Финансиска поддршка од оваа програма, ќе се врши врз основа на доставените податоци од регистрираните откупувачи до платежната агенцијата најдоцна до 15-ти март 2024 година, а исплатата е најдоцна до крајот на годинава.
Интервентниот фонд е наменет за финансиска поддршка во земјоделството за ублажување на последиците предизвикани од зголемувањето на трошоците за производство на земјоделски култури.
Обезбедените средства за реализација на оваа програма изнесуваат вкупно 300 милиони денари.
Методија Трајков
