Кина
Училиштен автобус удрил во толпа ученици и родители во Кина, најмалку 11 лица загинаа
03.09.2024 09:01
Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца. 12 повредени лица се во стабилна состојба...

Училиштен автобус удрил во толпа ученици и родители кои стоеле пред училишната капија во кинескиот град Таијан во провинцијата Шандонг. Би-би-си јавува дека најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца. 12 повредени лица се во стабилна состојба.
Кинеските медиуми објавија дека возачот на автобусот „изгубил контрола“ над возилото и по несреќата бил приведен од полицијата.
Досега починаа вкупно 11 лица (шест родители и пет деца) – објавија кинеските медиуми.
