Статистика

Зголемен бројот на работниците во индустријата

03.09.2024 09:11

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголеме за 1,2%...

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголеме за 1,2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5,3%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,2%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4,7%, Капитални производи за 15% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 18,9%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9%.

Индексот на бројот на работниците во индустријатаВо периодот јануари – јули 2024 година, во однос на периодот јануари – 2023, бројот на работниците во индустријата е поголем за 1,7%.