Венецуела: Издаден налог за апсење на опозицискиот кандидат за претседател
Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела соопшти дека е издаден судски налог за апсење на опозицискиот кандидат за претседател, Едмундо Гонзалес, под обвиненија за заговор и други кривични дела поврзани со спорните претседателски избор...

Канцеларијата на јавниот обвинител на Венецуела соопшти дека е издаден судски налог за апсење на опозицискиот кандидат за претседател, Едмундо Гонзалес, под обвиненија за заговор и други кривични дела поврзани со спорните претседателски избор што се одржаа во јули, по кои избувнаа немири во земјата.
Откако изборната комисија го прогласи Николас Мадуро, кој е на власт од 2013-та, без да ги објави целосните резултати од гласањето, опозицијата излезе со свои резултати за убедлива победа на нивниот кандидат.
Спорот предизвика реакции од меѓународната заедница која упати апел до властите за објавување на целосните резултати, но и протести ширум земјата кои доведоа до апсења на претставници на опозицијата и новинари.
