Партии

СДСМ: Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див запад

03.09.2024 11:28

Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити. Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, соопштуваат од опозициската партија...

Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана.  Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата. Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница, соопштуваат од СДСМ.

Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити. Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки, соопштуваат од партијата и додаваат дека улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи. Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани- прашуваат од СДСМ.