Партии

Лефков: Бисера Антоанета во Ријад и Брисел купила куфер, кошули, поло маици, накит и облека со службени пари

03.09.2024 11:39

Екс-министерката за култура купила мал куфер за 38 евра, и го платила во кеш со службените пари. Дополнително се подновила со темно плава кошула за 39 евра, и 3 поло црни маици за 95 евра...

Бисера Антоанета трошела пари од службената картичка за приватни работи и на нејзиното патување во Ријад, Саудиска Арабија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во период од 12.09.2023 до 18.09.2023 година Антоанета е на службен пат во Ријад, Саудиска Арабија, а од 19.09.2023 до 21.09.2023 година е во Брисел, Белгија. За оваа намена таа подига пари во кеш од благајната на министерството 2.000 долари и 900 евра. Како стигнала, Антоанета се фрлила на трошење, изјави пратеникот Миле Лефков.

Со службени пари купила 5 дреса од фудбалски клуб за 70 евра, во продавница за накит, облека и аксесоар за жени потрошила 20 евра, а си купила козметички производи за 35 евра и истите ги платила во кеш. Екс-министерката за култура купила мал куфер за 38 евра, и го платила во кеш со службените пари. Дополнително се подновила со темно плава кошула за 39 евра, и 3 поло црни маици за 95 евра.

Сите овие кошули, куфери, поло маици, накит и облека ги плаќала или со службената картичка или со службените пари. Ова е раскалашено и расипничко однесување. Ова е пример како се трошеле народни пари од министрите на СДС, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.